Download Print deze pagina

Bosch EasyPump Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 133

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 38
– Волуменски адаптер (4): за мали производи за на
плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.
Вметнете го поклопецот (1) од прифатот на преградата за
складирање и извадете го адаптерот.
Завртете го адаптерот до крај во цревото под
притисок (9).
За вообичаени вентили за автомобили (делумно се
користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување и исклучување на воздушната пумпа
притиснете на копчето за вклучување-исклучување (5).
При исклучување ќе се зачува последно поставениот
целен притисок.
Доколку за околу 3 min не се притисне на ниедно копче
на воздушната пумпа, таа автоматски се исклучува
заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на работното светло
За вклучување и исклучување на работното светло (12)
држете го притиснато копчето за менување на единица/
за работно светло (7) околу 1 s.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Менување на мерната единица
За прикажување на притисокот достапни се единиците
bar, psi и kPa.
За промена на мерната единица, кратко притиснете го
копчето за менување на единица/за работно светло (7),
додека не се појави саканата мерна единица на приказот
за мерна единица (a).
Надувување
По потреба монтирајте го соодветниот адаптер за
цревото под притисок (9). Доколку има, извадете го
капакот на вентилот на предметот што треба да се надува.
Завртете го цревото под притисок (9) со или без адаптер
на или во вентилот. Актуелниот притисок на
приклучениот предмет се појавува на приказот за мерна
вредност (b).
Надувување со автоматско исклучување (AUTOSTOP):
– На приказот за целен притисок (e) се појавува
последно поставената вредност за притисок. При
првото користење (фабричко поставување) или
претходно бришење на целниот притисок, на приказот
се појавува "−−".
– Утврдете или променете го целниот притисок:
притискајте го копчето за намалување на целниот
притисок (6) или за зголемување на целниот
притисок (10) додека не се постави саканата вредност
на приказот за целен притисок (e). При подолго
притискање на копчињата, вредноста побрзо ќе се
менува.
Bosch Power Tools
– Притиснете го копчето за пумпа (11) за да започне
процесот на пумпање. Целниот притисок исто така
може да го менувате и за време на процесот на
пумпање.
– Процесот на пумпање автоматски ќе заврши кога ќе се
постигне поставениот целен притисок. При
исклучување ќе се зачува последно поставениот целен
притисок на воздушната пумпа.
Надувување без автоматско исклучување (MANUAL):
– За пумпање без автоматско исклучување не смее да се
утврди целен притисок ("−−" на приказот за целен
притисок (e)). За бришење на достапниот целен
притисок, притискајте на копчето за намалување на
целниот притисок (6) додека не се прикаже "−−".
– Притиснете го копчето за пумпа (11) за да започне
процесот на пумпање. Актуелниот притисок на
приклучениот предмет се појавува на приказот за
мерна вредност (b).
– Доколку се постигне саканиот притисок на приказот за
мерна вредност (b) повторно притиснете на копчето
за пумпа (11) за да го завршите процесот на пумпање.
Дефект – Причини и помош
Причина
Помош
Приказ за предупредување (c) на екранот,
воздушната пумпа се исклучува
Воздушната пумпа се наоѓа
Оставете ја воздушната
надвор од дозволената
пумпа да се аклиматизира,
граница на оперативната
пред повторно да ја
температура.
вклучите.
Приказ за предупредување (c) на екранот за време
на пумпањето
Потрошувачката на
Проверете дали протокот
енергија е превисока.
на воздух е блокиран во
цревото под притисок или
други делови.
Приказ за предупредување (c) на екранот при
вклучен мрежен напојувач
Околната температура е
Оставете ја воздушната
надвор од дозволената
пумпа да се аклиматизира.
граница на температурата
Процесот за полнење
за полнење.
започнува автоматски дури
откако ќе се достигнат
дозволените граници на
температура и приказот за
предупредување ќе се
изгаси.
Приказ „Er1" на екранот
Сензорот за притисок не
Воздушната пумпа треба да
функционира.
биде проверена од страна
на овластена сервисна
служба Bosch.
Приказ „Er2" на екранот
Македонски | 133
1 609 92A 83G | (04.07.2022)

Advertenties

loading