166 | Македонски
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (14).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (14) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволениот опсег на температура
на батеријата се намалува бројот на вртежи. Дури по
постигнувањето на дозволената температура на
батеријата, електричниот алат повторно работи со полн
број на вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од
температурата, се прикажува со црвено светење на LED-
сијаличката (11) на електричниот алат. Кога ќе се изгаси
LED-сијаличката (11), уредот повторно го достигнал
дозволениот опсег на температура на батеријата.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на
електричниот апарат.
1 609 92A 5U2 | (02.11.2021)
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
За да го извадите битот за одвртувачот или
универзалниот држач за битови, може да користите
помошен алат.
Држач за појас
Со држачот за појас може да го закачите електричниот
алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат
слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во
секое време.
Стега во боја (види слика D)
Со стегата во боја (6) може да индивидуално да го
означите електричниот алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Bosch Power Tools