Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch GSR Professional 12V-35 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 169

Inhoudsopgave

Advertenties

Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Вадење на алатот за вметнување: GSR 12V-35 HX
Повлечете ја чаурата за заклучување (3) наназад и
извлечете го алатот за вметнување од прифатот (1).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (9) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) налево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (7) на десно до крај.
Bosch Power Tools
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (4)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (6) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (6) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
GSR
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент (4) на
ознаката „Дупчење".
GSB
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (5) на
ознаката „Дупчење".
Завртување
GSR
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент (4) на
саканиот вртежен момент.
GSB
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (5) на
ознаката „Завртување".
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент (4) на саканиот
вртежен момент.
Ударно дупчење (GSB)
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (5) на
ознаката „Ударно дупчење".
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (10).
Македонски | 169
1 609 92A 6FT | (17.06.2021)

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Gsb professional 12v-35Gsr professional 12v-35 hx

Inhoudsopgave