надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
3-те LED светилки на приказот за наполнетост (13) и
светлото (12) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од –20 до +50°C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (14), за да може повторно да го користите
електричниот алат.
Под одредени услови јаки електромагнетни полиња може
да влијаат врз електричниот алат и да го стопираат. По
исклучувањето одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (14), за да може повторно да
го стартувате електричниот алат.
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални
делови во електричниот алат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Напомени за оптимално ракување со батеријата
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од –20
°C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Bosch Power Tools
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Македонски | 173
1 609 92A 5W6 | (31.07.2020)