172 | Македонски
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Наполнетата батерија (9) притиснете ја одзади навнатре
во подножјето на електричниот алат, додека не се
заклучи батеријата.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (14) е притиснат ова не е
возможно.
Поставување на десен тек (види слика I)
За дупчење и завртување на завртки притиснете го
електронскиот прекинувач за менување на правец (7)
надолу.
Приказот за правец на вртење со десен тек (5)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (14), прекинувачот
за менување на правец (7) и доколку моторот
работи.
Поставување на лев тек (види слика J)
За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки
притиснете го електронскиот прекинувач за менување на
правец (7) надолу.
Приказот за правец на вртење со лев тек (6)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (14), прекинувачот
за менување на правец (7) и доколку моторот
работи.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Подесување на режимот на работа (види слика K)
Прекинувач за избор на начинот на работа
u
(4)активирајте го само кога електричниот алат е во
празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да
изберете 2 брзини.
1 609 92A 5W6 | (31.07.2020)
Начин на работа Завртување (1. степен на
завртување):
Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Начин на работа Дупчење/ударно дупчење (2. Степен
на завртување):
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Завртување
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент (3) на саканиот
вртежен момент.
Прекинувачот за избор на начинот на работа (4)
поставете го на ознаката „Завртување".
Дупчење
Прстенот во претходно избраниот вртежен
момент (3) поставете го на „MAX".
Прекинувачот за избор на начинот на работа (4)
поставете го на ознаката „Дупчење".
Ударно дупчење (AdvancedImpact 18)
Прстенот во претходно избраниот вртежен
момент (3) поставете го на „MAX".
Прекинувачот за избор на начинот на работа (4)
поставете го на ознаката „Ударно дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(14) и држете го притиснат.
Светлото (12) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (14) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (14).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (14).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (14) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (14)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (2).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (9) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
Bosch Power Tools