www.motralec.com / service-commercial@motralec.com / 01.39.97.65.10
OBJ_BUCH-2909-001.book Page 176 Tuesday, July 19, 2016 2:15 PM
176 | Македонски
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте
на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата 2 притиснете на копчето за отклучување 3 и
извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте
сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Ставете ја наполнетата батерија 2 во главата на светилката 1, додека не се вклопи
правилно.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 9.
За да ја исклучите, батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 9.
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската светилка само доколку ја
користите.
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување 9, за да ја
вклучите батериската светилка со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат прекинувачот за
вклучување/исклучување 9, додека не се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При пречекорување на дозволената температура на разладните тела 50 °C,
батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади
и повторно вклучете ја.
Совети при работењето
Батериската светилка свети со намалена осветленост, доколку капацитетот на
батеријата изнесува уште околу 1,3 %. Батериската светилка трепка 3x пред да
се намали осветленоста.
1 609 92A 2MM | (19.7.16)
Bosch Power Tools