Download Print deze pagina

AEG DK 4390 Gebruiksaanwijzing pagina 33

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 12
MK - Упатство за монтажа и ракување
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник..
Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или
пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на
упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет
исклучиво за домашна употреба.
Важни совети
Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со електричното
напојување се додека монтажата не биде целосно комплетна.
Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни
ракавици Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца
или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности,
или ако немаат искуство или знаење, доколку не се под надзор или се
имаат обучувано за употреба на апаратот од лице одговорно за
нивната безбедност. Треба да се внимава, децата да не си играат со
уредот. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно
монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи
како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот
аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други
горива. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за
чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Строго се
забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата
на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика
ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не
дојде до презагревање на маслото и пламнување. Пристапните делови
од аспираторот можат значително да се загреат кога се користи заедно
уред за готвење. Што се однесува до техничките и безбедносните
мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се
следат правилата дадени од компетентните власти. Аспираторот мора
редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста
(НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се
постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој
прирачник). Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и
чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Да не го
користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици
поради можниот ризик од електричен удар. Ние одбиваме билокаква
одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на
апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој
прирачник.
апарат е обележан согласно Европската директива
2002/96/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste
Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување
на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни
последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се
предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој
производ.
Симболот
прецртана канта за ѓубре на производот или на
документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее
да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе
до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност
со локалните прописи за животната средина за отстранување на
отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за третманот,
поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме
контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба
или со продавницата од каде го имате купено производот.
Употреба - Аспираторот може да се користи во варијанта со
надворешно исфрлање на издувниот воздух
филтер со кружно струење на воздухот
Монтажа - Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за
садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало
од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или
комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот
или во варијанта со
.
33
прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на
етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако
аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност
со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по
монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со
електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на
пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен
прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно
исклучување на електричното напојување под услови поврзани со
преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со
упатството за монтажа.
Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од
аспираторот со електричното напојување и проверувањето на
функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно
монтиран.
Функционирање - Аспираторот се испорачува со командна табла со
регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над
плочата од шпоретот. Користете ја најголемата брзина во случај на
невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да
го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и
да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција
со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од
внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа
навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи
кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето
на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Се препорачува до придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно
одржување или неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти - Бр. 11
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со
неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на
ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 10
Type 20 LONG LIFE - Филтер со активен јаглен што може да се пере
Филтерот со јаглен може да се пере на секои два месеци во топла вода
и прикладни детергенти или во машина за миење садови на 65°C (во
случај на перење во машина за миење садови да се направи комплетен
циклус на перење без садови во внатрешноста ).
Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа
извадете го перничето ставено во внатрешноста на шасијата од
пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно
сушење. Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога
платното е оштетено.
Type 15 - Филтер со активен јаглен што НЕ се пере
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста
на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се
замени чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се
изладени. Заменете ја оштетената сијалица користејќи исклучиво
сијалици од максимум 40W (E14).

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Dk 4360