Протокот на водата од резервоарот ќе
застане кога ќе се изберете оваа
функција. Сепак, веќе направениот мраз
може да се зема од уредот за мраз.
11. Копче за функцијата за брзо
замрзнување/копче за вклучување-
исклучување на уредот за мраз
Притиснете го ова копче за да ја
активирате или дезактивирате функцијата
за брзо замрзнување. Кога ќе ја
активирате оваа функција, одделот за
замрзнувачот ќе се излади на
температура под поставената вредност.
(
)
Притиснете и задржете го 3 секунди за
да ја вклучите и исклучите оваа функција
(само на производи со icetatic машина).
Користете ја функцијата за брзо
замрзнување кога сакате да брзо да ја
замрзнете храната што ќе ја ставите во
одделот за замрзнување. Ако сакате да
замрзнете големи количини свежа храна,
активирајте ја оваа функција пред да ја
ставите храната во замрзнувачот.
Ако не ја исклучите, функцијата за брзо
замрзнување ќе се исклучи автоматски по
околу 25 часа или кога температурата во
одделот за замрзнување ќе ја постигне
потребната температура.
Оваа функција не се обновува кога ќе
се врати напојувањето при снемување
струја.
Двоен систем за ладење:
Ладилникот е опремен со два
засебни системи за ладење за да се
разладуваат одделот за свежа храна и
одделот на замрзнувачот. Така,
воздухот во одделот за свежа храна и
во одделот за замрзнување нема да се
мешаат.
Благодарение на овие два засебни
системи за ладење, брзината на
разладување е многу поголема отколку
кај другите ладилници. Миризбите во
одделите не се мешаат. Обезбедено е и
дополнително штедење на енергијата
бидејќи одмрзнувањето се изведува
засебно.
Замрзнување свежа храна
Завиткајте или покријте ја храната
пред да ја ставите во ладилникот.
Врела храна мора прво да се излади
на собна температура пред да се стави
во ладилникот.
Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар
квалитет.
Храната мора да се подели во порции
во согласност со дневните потреби на
семејството или со потребите за
консумирање месо.
Храната мора да биде спакувана со
истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува
краток период.
Материјалите што ќе се употребат за
пакување на храната мора да се
отпорни на ладно и влага и со истиснат
воздух. Материјалот за пакување на
храната мора да има задоволителна
дебелина и издржливост. Во спротивно,
стврдната храна заради замрзнувањето
може да го дупне пакувањето. Важно е
пакувањето да биде убаво затворено за
безбедно чување на храната.
Замрзната храна мора да се употреби
веднаш по растопување и не смее
повторно да се замрзнува.
Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот за
ладење да работи постојано додека не
се замрзне храната целосно.
Следете ги следните упатства за да ги
постигнете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот на
храната најдобро се зачувува кога се
замрзнува целосно колку што е можно
поскоро.
2. Особено внимавајте да не мешате
веќе смрзната храна и свежа храна.
3. Уверете се дека свежата храната не
се допира до зготвената храна во
ладилникот.
МК
13