Download Print deze pagina

Bosch PSR 14,4 LI-2 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 113

Advertenties

UntitledBook1.book Page 113 Thursday, May 3, 2018 12:39 PM
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се
користи правилно, од неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку има повредени
однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Останати напомени за безбедност и
работење
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
 Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
 Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
 Доколку прекинувачот за избор на брзини не може
да се вметне до крај, свртете ја малку главата за
дупчење.
 При половично или целосно притиснат прекинувач
за вклучување/исклучување, приказот на
наполнетост на батеријата за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои
од 3 зелени LED светилки.
Bosch Power Tools
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено
 3-те LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата е
надвор од обемот на работна температура од –30 до
+65°C или реагира заштитата од преоптоварување.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
PSR 14,4 LI-2/PSR 1440 LI-2/
PSR 18 LI-2/PSR 1800 LI-2/
PSR 1810 LI-2/PSR 1820 LI-2:
Батериска дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Носете заштита за слухот.
Правец на движење
Правец на реакција
Тек десно/лево
Дупчење
Македонски | 113
Капацитет
≥ 75 %
50 – 75 %
26 – 50 %
≤ 25 %
1 609 92A 4CM | (3.5.18)

Advertenties

loading