OBJ_BUCH-1179-006.book Page 215 Wednesday, February 1, 2017 10:13 AM
за вклучување-исклучување 2 , по 2 мин.автоматски се
гаси ласерот и по 2 ч мерниот уред.
– За исклучување на функцијата за предупредување за
удар, притискајте на копчето за вклучување-
исклучување 2 3 с. При активирано предупредување за
удар (приказот за предупредување за удар 3 трепка
црвено) притиснете еднаш кратко на копчето за
вклучување-исклучување и потоа одново притискајте 3
с. При исклучено предупредување за удар, приказот за
предупредување за удар 3 се гаси.
– За вклучување на предупредувањето за удар
притискајте на копчето за вклучување-исклучување 2
3 с. Приказот за предупредување за удар 3 свети
непрекинато зелено и по 30 секунди се активира
предупредувањето за удар.
Поставката на функцијата за предупредување за удар се
зачувува при исклучување на мерниот уред.
Точност на нивелирање на ротациониот ласер
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Отстапувањата од околу 20 м мерна линија се земаат како
важни и можат при 100 м апсолутно да изнесуваат
двократно или четирикратно од отстапувањето при 20 м.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Проверка на точност на мерниот уред
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
За контрола, потребна Ви е слободна мерна линија од
20 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B. Вие мора да
извршите наизменично мерење преку двете оски X и Y
(секогаш позитивно или негативно) (4 комплетни мерни
постапки).
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред.
A
20 m
Bosch Power Tools
– По завршување на нивелирањето, означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот A (точка I).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на ласерскиот зрак на
спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
A
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
B
висината. Оставете го да се изнивелира и обележете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот A (точка III).
Внимавајте на тоа, точката III да лежи што е можно
повертикално над одн. под точката I.
Разликата d на двете означени точки I и III на ѕидот A го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред за измерената оска.
– Повторете го мерниот процес за другите три оски.
Свртете го мерниот уред пред почетокот на мерниот
процес за 90°.
Македонски | 215
B
B
B
180°
1 609 92A 1XU | (1.2.17)