Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слика E)
При работа со автоматика за нивелирање, приказот за статус (3) не смее да светка.
Доколку е потребно, вклучете ја автоматиката за нивелирање со повторно
притискање на копчето за функција за навалување (2), со што приказот за статус ќе
се изгаси.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
стативот (11) или на телескопската прачка (13).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи површината на која
е поставен мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските
зраци почнуваат да трепкаат.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање
од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
Надвор од полето на самонивелирање од ±4° работењето со автоматиката за
нивелирање не е возможно, бидејќи не може да се гарантира ниту точноста на
нивелирање на ласерските зраци, ниту точниот агол помеѓу ласерските зраци.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на
референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Работење со функција за навалување (види слика F)
За работење со функција за навалување притиснете го копчето за функција за
навалување (2). Во функција за навалување, приказот за статус свети (3) зелено.
При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е исклучена.
Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално
една кон друга.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската
u
линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Bosch Power Tools
Македонски | 187
1 609 92A 858 | (06.10.2022)