Поставување на батеријата
Овој апарат работи со ААА 1.5 V
батерија. За најдобри резултати
користете алкални манган батерии
(LR03, AM4, AAA, на пример Duracell).
Капацитетот на овие батерии е
приближно 120 минути. Честата
употреба на додатокот за препони (3)
ќе го намали времетраењето.
• Уверете се дека апаратот е исклучен.
• Отстранете го капачето од делот за
батерија (5) така што ќе го повлечете
надолу (а).
• Ставете ја батеријата со (+) и (–)
половите како што е означено.
• Затворете го делот за батерија.
Користење на додатоците
за бричење
Апаратот има различни додатоци кои
се посебно дизајнирани да ги отстранат
несаканите влакна на секоја облина од
Вашето тело, лице или препоните.
Започнете
• Отстранете го заштитното капаче (1).
Поместете го on/off копчето (4) за да
го уклучите апаратот.
• Поставете ја главата за бричење
блиску до влакната кои сакате да ги
отстраните и нежно движете го
апаратот во спротивна насока од
растот на влакната. За најдобри
резултати затегнете ја кожата со
едната рака додека го користите
апаратот.
• Исклучете го апаратот пред да ги
сменувате додатоците.
• За да ја отстраните главата, вртете
ја 90° во спротивен правец на
стрелките од часовникот, а потоа
подигнете ја(b). За да поставите
друга, ставете ја во отворот, потоа
свртете ја за 90° во насока на
стрелките на часовникот се додека
не се постави на местото.
Додатокот за прецизно бричење (2)
е совршен за средување на веѓи и
отстранување на влакната кои се
појавуваат на несаканите места на
сите делови од телото.
Додатокот за препони (3) е идеален за
препони затоа што со него може да се
направат прецизни линии како што е
бикини линијата.
Средување на препоните
За скратување на влакната околу
препоните, така што ќе имаат иста
должина, ставете еден од чешлите за
скратување на влакната за препони
(3а, 3b). За да поставите чешел за
скратување на влакната, поместете ја
острата страна преку елементот за
сечење, а потоа притиснете ја
округлата страна на главата за
бричење така што ќе се постави на
место. Насочете го апаратот со
чешелот са скратување рамно на
кожата (d).
Чистење и одржување
Секогаш исклучувајте го апаратот
пред чистење. Чистете го апаратот по
секоја употреба.
• Користете ја четката (6) за да ги
отстраните влакната или прашината.
• Повремено, можете да ги исчистите
додатоците под млаз топла вода.
Природен сапун може исто така да
се употреби под услов да не содржи
честички или абразивни материи.
Исплакнете ја пената.
• Проверете дали главата е целосно
сува пред да ја ставите на телото.
• За складирање, ставете го заштит-
ното капаче (1).
Препорачуваме подмачкување на
главата за бричење со капка машинско
масло, два пати годишно или по
чистење со вода.
65