148 | Македонски
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување (3) надесно или
налево. Потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.
Штом електричниот алат е вклучен, можете да ја
отпуштите блокадата при вклучување (3).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Контролирање на брзината на пилата
Брзината на пилата на вклучениот електричен алат
можете да ја регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Потребната брзина на пилата зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Се препорачува намалување на брзината на пилата при
поставување на сечилото за пила на алатот.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
u
користете стабилна подлога.
Не носете го електричниот алат на рачниот зглоб.
u
Јамката за закачување е наменета само за
складирање(види слика B).
При сечење внимавајте на правецот на сечење од
u
напред наназад (види слика C) или од горе надолу
(види слика D)!
За да ја зголемите брзината на сечење, сечете со мало
движење (во насока на сечење).
Доколку се заглави сечилото за пилата, веднаш
исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот
што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и
извлечете го електричниот алат.
Клинот за разделување (10) спречува сечење во насока
обратна од работењето на ланецот на пилата (види
слика E).
По завршувањето на работата, поставете го
транспортниот штитник (12) на сечилото за пила (1), за
да го заштитите.
1 609 92A 8SB | (10.07.2023)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Чистете го сечилото за пила и прифатот за сечило
u
за пила само кога е сув. За да отстраните длабоко
навлезена нечистотија, употребете мека четка
(види слика F).
Сечилото за пила не мора да се одржува. Ланецот на
сечилото за пила не мора да се подмачкува.
Чистете го прифатот за сечило за пила (14) редовно.
За го исчистите, извадете го сечилото за пила од
електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат
на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Bosch Power Tools