OBJ_BUCH-2004-006.book Page 241 Tuesday, December 22, 2015 12:35 PM
Процес на мерење (види слика A)
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.
Референтно ниво за мерење е секогаш задниот раб на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (напр. ѕид).
За активирање на мерењето, кратко притиснете на мерното копче 2. Потоа ќе се
исклучи ласерскиот зрак. За повторно вклучување на ласерскиот зрак
притиснете кратко на мерното копче 2. За активирање на друго мерење, одново
притиснете кратко на мерното копче 2.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Напомена: Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од 0,5 с, а
најдоцна по 4 с. Времетраењето на мерењето зависи од растојанието,
светлосните услови и рефлектирачки својства на целната површина. По
завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Автоматски збир (види слика B)
Автоматскиот збир автоматски го одредува збирот на сите поединечни мерења
(на пр. помага при пресметка на материјал).
Вредноста на автоматскиот збир ќе се избрише, штом ќе се исклучи уредот одн.
автоматски по 5 минути без притискање на копчето.
Автоматскиот збир нема да се зачува. Не е возможна дополнителна корекција на
автоматскиот збир.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина.
За активирање на мерењето, притиснете кратко на мерното
копче 2. Актуелната мерна вредност c ќе се прикаже во
долниот ред на екранот. Ласерскиот зрак ќе се исклучи.
За вклучување на ласерскиот зрак, кратко притиснете на
мерното копче 2. За активирање на друго мерење, одново
кратко притиснете на мерното копче 2. Во долниот ред ќе се
прикаже актуелната мерна вредност c. Во средниот ред се
прикажува претходната мерна вредност b. Во горниот ред ќе
се прикаже автоматскиот збир a (збирот од актуелната и
претходната измерена вредност).
Bosch Power Tools
Македонски | 241
1 609 92A 1Z6 | (22.12.15)