OBJ_BUCH-1767-005.book Page 113 Wednesday, October 5, 2016 11:27 AM
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Останати напомени за безбедност и
работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
Прекинувачот за менување брзини притиснете го до
крај, односно прекинувачот за избор на начин на
работа свртете го до крај. Инаку електричниот апарат
може да се оштети.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 14,4-2-LI/GSB 14,4-2-LI:
Батериска дупчалка-одвртувач
/батериска ударна дупчалка-
одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Носете заштита за слухот.
Правец на движење
Правец на реакција
Зашрафување/одвртување
Дупчење без удари
Ударно дупчење
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Тек десно/лево
Македонски | 113
1 609 92A 2D8 | (5.10.16)