Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch PML LI Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 59

Inhoudsopgave

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 19
OBJ_BUCH-2964-002.book Page 59 Friday, December 9, 2016 9:35 AM
 Постапувајте грижливо со батериската светилка.
Батериската светилка создава јака топлина, која може
да доведе до зголемена опасност од пожар или
експлозија.
 Со батериската светилка не работете во околина
каде има опасност од експлозија.
 По автоматското исклучување на батериската
светилка, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
 Користете само оригинална Bosch опрема.
 Не го покривајте копчето за светло, доколку
батериската светилка е вклучена. Главата на
светилката се затоплува со текот на работата и може да
предизвика изгореници, доколку се акумулира
топлина.
 Не ги користете батериските светилки во
сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за
осветлување во сообраќајот.
ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот
светлина. Оптичкото зрачење може да им
наштети на очите.
 Содржаниот извор на светлина во батериската
светилка смее да се замени само од производителот
или од квалификуван стручен персонал.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батеријата полнете ја само со полначи препорачани
од Bosch. Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се користи
за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.
Bosch Power Tools
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Користете ги само батериите предвидени за
батериската светилка. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Користете само оригинални Bosch-литиум-јонски
батерии со напон од 14,4 V или 18 V. При користење
на други батерии, на пр. имитации, истрошени батерии
или непознати производители, постои опасност од
повреди како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Батериската светилка е наменета за преносливо,
просторно и временски ограничено осветлување во сув
внатрешен и надворешен простор и не е погодна за
вообичаено осветлување на простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на батериската светилка на графичката
страница.
1 Батериски светилки
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Приказ на работата и состојбата на полнење
4 Копче за отклучување на батеријата
5 Батерија 14,4 V (литиум-јонска) или 18 V (литиум-
јонска)
6 Стакло за распрскување на светлината*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски светилки
Број на дел/артикл
1)
Номинален напон
V=
Времетраење на светлината,
1)
околу
Температура при работа*
°C
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг
1) во зависност од употребеното пакување батерии (14,4V/18V;
1,3Ah...2,5Ah)
* ограничена јачина при температури <0 °C
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
1 609 92A 3MY | (9.12.16)
Македонски | 59
PML LI
3 603 J74 3..
14,4/18,0
ч
3,0...9,0
–10...+25
0,25

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Inhoudsopgave