OBJ_BUCH-2332-002.book Page 235 Thursday, September 8, 2016 9:24 AM
Прочитајте го упатството за
употреба.
Внимавајте предмети коишто
летаат од косачката да не ги
повредат личностите коишто
стојат околу уредот.
Предупредување: Држете се
на безбедно растојание од
косачката додека таа работи.
Предупредување: Не
допирајте ги ротирачките
сечила. Сечилата се оштри.
Чувајте се од загуба на прстите.
Исклучете ја косачката и
извадете го кабелот од
утикачот пред поправање или
чистење, или доколку го оставате
уредот без надзор дури и на кратко.
Не е применливо.
Почекајте сите компоненти на
косачката да застанат пред да
ги допрете. Сечилата на
косачката можат да предизвикаат
повреда и кога мируваат.
Не користете ја косачката кога
врне и не излагајте ја на дожд.
Чувајте се од електричен
удар.
Не е применливо.
Полначот употребувајте го
само во суви простории.
Полначот е опремен со
безбедносен трансформатор.
Bosch Power Tools
Ракување
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Не косете кога во близина има
животни, луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Не користете ја косачката боси или
со отворени сандали. Носете крути
обувки и долги пантолони.
Детално прегледајте го теренот
каде што ќе ја користите косачката
и отстранете ги сите камења,
стапови, жици, коски и други
предмети.
Секогаш пред употреба проверете
да не се оштетени или истрошени
сечилата, носачите на сечилата или
склопката за сечење. Заменете ги
истрошените или оштетените
сечила и носачи за да ја одржите
рамнотежата на косалката.
Македонски | 235
F 016 L81 430 | (8.9.16)