Чистење на лицето
• Извадете ја главата на депилаторот,
прикачете го приклучокот за четката
(6) и заклучете ја четката за чистење
(5).
• Навлажнете ги кожата и четката за
чистење со вода. Четката за чистење
лице може да ја користите како дел
од вашето секојдневно чистење
лице: со сапун, средство за чистење
лице, млеко за чистење лице, гел
или едноставно со вода.
• Вклучете го апаратот со движење на
копчето за вклучување/исклучување
(2) во која било насока.
• Движете ја четката нежно притискајќи
на кожата и во кружни движења
околу една минута. Избегнувајте го
пределот околу очите и косата.
• По употреба, движете го копчето
назад во положба «o».
• Измијте го лицето со вода за да ги
отстраните остатоците од средството
за чистење што сте го користеле.
• Измијте ја четката под млаз топла
вода. Ако сакате да ја измиете
темелно со сапун, отстранете го
делот со четка (5) притискајќи го
копчето за ослободување (6а).
По чистењето, оставете ги сите
делови да се исушат пред повторно
да ги прикачите.
• За најдобри резултати, четката (5)
менувајте ја на секои 3 месеци или
порано ако влакненцата на четката
се искриват од честата употреба.
Резервните четки (повикувачки бр.
89 Facial Spa) се достапни кај
вашиот продавач, службите за
сервисирање на Braun или на
www.braun.com.
Известување за правилно
отстранување
Производот содржи батерии
и/или електричен отпад што
се рециклира. За заштита на
животната околина, не отстрану-
вајте го со останатиот домашен
отпад, туку однесете го во пункт за
собирање и згрижување на електричен
и електронски отпад.
Подлежи на промени без претходно
известување
Гаранција
2 годишна гаранција за производот
од датумот на купување. Во периодот
од времетраењето на гаранцијата,
доколку се појават дефекти на самиот
апарат, бесплатно ќе ги отстраниме
или поправиме/замениме истите во
целост. Оваа гаранција важи во секоја
држава каде апаратите се дистрибуи-
рани од страна на Braun или нивниот
назначен дистрибутер.
Оваа гаранција не важи доколку:
апаратот е оштетен поради
неправилно користење, при редовна
употреба или појава на недостатоци
кои незначително влијаат на вредноста
на самиот апарат.
Гаранцијата престанува да важи
доколку поправките се направени од
страна на неовластени лица или не се
користени оригинални Braun делови за
нивна замена.
За да добиете соодветен сервис,
во периодот на времетраењето
на гаранцијата, доставете го или
испратете го апаратот, заедно со
сметката до овластените сервисни
центри на Braun.
89