Депилација на лице
• Пред употреба, темелно исчистете
ги кожата и главата на депилаторот.
• Вклучете го апаратот со движење на
копчето за вклучување/исклучување
(2) кон лево или кон десно. Насоката
на вртење на дисковите зависи од
насоката на движење на копчето при
вклучување. За најдобри резултати,
дисковите треба да се вртат во
спротивна насока од насоката во
којашто растат влакната.
• За подобро да го запознаете
апаратот, се препорачува најпрво да
се депилирате на брадата или близу
надворешните агли од устата.
• Држете го апаратот со дисковите
потпрени на делот од кожата што го
оптегнувате со слободната рака.
Внимателно движете го со нежен
притисок во насока спротивна од
насоката на растот на влакната. Не
притискајте многу силно за да не ја
повредите кожата. За да го
оптегнете делот над усната,
притиснете со јазикот однатре.
• По употреба, движете го копчето за
вклучување/исклучување во
положба «o» (= исклучено).
• Внимателно исчистете ја главата
на депилаторот со помош на четката
за чистење којашто е обезбедена
заедно со апаратот. Можете да ја
потопите четката во раствор од
етанол (70%). Проверете дали е
потполно сува пред повторно да ја
вметнете и затворите со заштитното
капаче.
• После депилацијата, се препорачува
нанесување крем за хидратација на
лице за да се одмори кожата.
• Кога се депилирате првпат, се
препорачува тоа да го сторите
навечер, за можното црвенило да
исчезне во текот на ноќта.
88
Општи информации за депилација
Сите начини на отстранување влакна
од коренот може да доведат до
иритација (на пр. чешање, непријатно
чувство или црвенило на кожата) во
зависност од состојбата на кожата и
влакната. Ова е нормална реакција и
би требало набргу да исчезне, но
реакцијата може да е посилна првите
неколку пати при отстранување влакна
од корен или ако имате осетлива
кожа. Ако кожата е сè уште иритирана
и после 36 часа, се препорачува да
посетите лекар. Општо, реакциите
на кожата и чувството на болка
значително се намалуваат со почесто
депилирање. Во некои случаи, може
да се појави воспаление на кожата ако
навлезе бактерија во кожата (на пр.
при движење на апаратот врз кожата).
Темелното чистење на главата на
депилаторот и кожата пред секоја
употреба ќе го намали ризикот од
инфекција.
Ако имате прашања во врска со
употребата на апаратот, советувајте
се со лекар. Апаратот треба да се
користи по советување со лекар само
во следниве случаи: егзем, рани,
воспаление на кожата како што е
фоликулитис (инфекција на фолику-
лите од влакното) и проширени вени
околу мозолчињата, намален имуни-
тет на кожата, на пример шеќерна
болест, во текот на бременост,
Рејнов синдром, феномен на Кебнер,
хемофилија или намален имунитет.
Ако започнете да примате хормони
или го смените типот на хормонски
лекови (на пр. таблети за контрацеп-
ција), растот на влакната може да е
под влијание на промената во нивото
на хормони во телото. Тоа е резултат
на изменетата состојба со хормоните,
а не резултат на апаратот.