Избор на јазик
Софтверот на термостатот поддржува неколку јазици. Притиснете го
копчето 1 кога го вклучувате термостатот.
Притиснете го копчето 4 за да го одберете treba obrisati потребниот
јазик.
Потоа, потврдете го изборот со притиснување на
копчето 3 под симболот за јазик.
Јазикот се менува веднаш и почетното мени се појавува на екранот.
Главно мени
Преглед на елементите од менито
Време на разградување
Откако ќе ја изберете 100 или HT стандардната програма,
подменито Time (Време) се појавува автоматски; ова подмени
се користи за избирање на времетраењето на разградувањето.
Стандардната програма 100
Температурата на разградувањето е 100 °C. Потоа, се појавува
подменито Time (Време); ова подмени се користи за избирање на
потребното време за разградување.
За температура на разградувањето од 100 °C може да се изберат
следните времиња на разградување: 30, 60 и 120 минути.
Стандардна програма HT
Температурата на разградувањето е 150 °C или 170 °C. Потоа,
се појавува подменито Time (Време); ова подмени се користи за
избирање на потребното време за разградување.
За температура на разградувањето од 150 °C или 170 °C може да се
изберат следните времиња на разградување: 10, 15 и 30 минути.
Температурата од 170 °C прикажана на екранот соодветствува на
температурата во одделот за загревање.
Забелешка: Вкупното време на разградување го сочинува
избраното време на разградување и времињата за загревање
и ладење. Ова време може да варира во зависност од
температурата на разградувањето, собната температура
и бројот на кружни кивети и/или епрувети за реакција.
Македонски 200
При оваа температура во одделот за загревање се достигнуваат
различни температури во садовите за разградување, во зависност
од точката на вриење на супстанците кои се разградуваат:
•
Водните раствори кои содржат разредени киселини и бази
достигнуваат температура од 150 °C (на пр. LatoN, LCW 902
комплети, кивети со тестови за фосфат итн.).
•
Полу-концентрираните и концентрираните киселини (сите
кивети со COD тестови) достигнуваат температура од 170 °C.
Стандардна програма COD
Температурата на разградувањето е 148 °C, а времето на
разградување е 120 минути (заедно со времето на загревање).
Во оваа програма не може да се избере времето на разградување.
COD разградувањето може веднаш да започне на 148 °C и
120 минути.
Слика 5 Главно мени — одредување на копчињата
1
2
1
Копче 1
2
Копче 2
Забелешка: Почекајте најмалку 20 секунди пред да го
рестартирате инструментот за да избегнете оштетување
на електрониката.
Преглед на дополнителните елементи од менито
Притиснете го копчето 4 за да се прикажат дополнителните
елементи од менито PRG (Програмирање), VAR (Варирање)
и CPRG (Бришење).
3
4
3
Копче 3
4
Копче 4