Диапазоны частот и мощность
TER-B19S: Bluetooth: 10 дБм
Македонски
Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го најновото Упатство за брз почеток од
https://consumer.huawei.com/mk/support/.
Се презема Huawei Health
За да ја преземете и инсталирате апликацијата Huawei Health, скенирајте го QR-кодот од десната
страна или пребарајте за Huawei Health во AppGallery или други продавници за апликации.
Работа и безбедност
• Идеални температури се од -10°C до +45°C.
• Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте
ги на уреди за затоплување или во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или
радијатори. Не расклопувајте ги, не изменувајте ги, не фрлајте ги и не гмечете ги. Не ставајте туѓи тела
во нив, не потопувајте ги во течности и не изложувајте ги на надворешна сила или притисок бидејќи тоа
може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодираат.
• Уредот има вградена батерија што не може да се отстрани. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата;
затоа што тоа може да го оштети уредот.
• Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во
близина на уредот.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени
установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман,
лекување или спречување каква било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за
информативна намена. Лежиштето за полнење не е водоотпорно. Избришете ги портата, металните контакти
и уредот во текот на полнењето. Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и
одете на доктор.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот
или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
22