уровню облучения в радиочастотном диапазоне, установленному Европейской комиссией.
Диапазоны частот и мощность
HEM-B19: Bluetooth 2.4G:10 дБм, Wi-Fi 2.4G:20 дБм
Македонски
Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го најновото Упатство за брз почеток
од https://consumer.huawei.com/mk/support/.
Се презема Huawei Health
За да ја преземете и инсталирате апликацијата Huawei Health, скенирајте го QR-
кодот од десната страна или пребарајте за Huawei Health во AppGallery или други
продавници за апликации.
Работа и безбедност
• Идеални температури се од 5°C до 40°C.
• Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева
светлина. Не ставајте ги на уреди за затоплување или во уреди за затоплување, како што
се микробранови печки, шпорети или радијатори. Не расклопувајте ги, не изменувајте ги,
не фрлајте ги и не гмечете ги. Не ставајте туѓи тела во нив, не потопувајте ги во течности
и не изложувајте ги на надворешна сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика
истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодираат.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или
други здравствени установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција
со чувствителна медицинска опрема.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за
дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква било болест. Сите податоци и
мерења треба да се користат само за информативна намена.
• Производот е соодветен за секојдневно користење, особено за луѓе кои сакаат да дознаат
повеќе за својата тежина, формата на телото, маснотиите во телото и мускулната маса.
Добиените податоци се само за лична информација и не се наменети за медицинско
лекување, ниту да претставуваат основа за медицинска дијагноза и не треба да се користат
во клиники или медицински институции како што се болници.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека
производите и батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад
одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе
се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на
луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти,
продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја
веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Почитување на правните одредби на ЕУ
18