OBJ_BUCH-1996-001.book Page 111 Wednesday, October 2, 2013 8:30 AM
– Не косете на премногу стрмни падини.
– На коси површини или на влажна трева обезбедете
стабилен и сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете лево-десно, а
никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката
на косењето.
Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја
влечете косачката.
Не косете влечејќи ја косачката кон себе.
Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете
машината, преку површини коишто не се трева и кога ја
носите машината до и од местото на косењето.
Не навалувајте ја косачката при палење или стартување
на моторот, освен ако тоа не е неопходно за косење на
висока трева. Во тој случај, не навалувајте ја повеќе
отколку што е апсолутно неоходно, и тоа оној дел
којшто е најдалеку од ракувачот. Двете раце треба да
Ви бидат на рачката пред да ја спуштите косачката.
Моторот исклучувајте го стоејќи со стапалата подалеку
од ротирачките сечила.
Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките
делови.
Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот
работи.
Не вршете никакви преправки на косачката.
Неовластените модификации можат да доведат до
нарушување на безбедноста на косачката, или да ја
зголемат бучавата или вибрациите.
Периодично проверувајте го напојниот кабел и
продолжниот кабел којшто го користите. Не
поврзувајте ја косалката на напојна мрежа со оштетени
кабли. Доколку кабелот е оштетен, не допирајте го
додека е приклучен на струја. На оштетениот кабел
може да се дојде во допир со голи проводници. Чувајте
се од струјни удари.
Извлечете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога ја оставате косачката без надзор,
– пред отстранување на блокада,
– пред прегледување, чистење и поправка на машината,
– веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по
оштетување прегледајте ја машината и извршете ги
неопходните поправки,
– ако косачката почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш).
Приклучување на струја
Волтажата прикажана на натписната плочка мора да
биде иста со волтажата на електричната мрежа.
Советуваме овој уред да биде приклучен на струја
преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што
се активира при промена на јачината на струјата од
30 mA.
При замената на напојниот кабел користете само кабли
препорачани од производителот на косачката. Бројот
Bosch Power Tools
на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги во
упатството за употреба.
Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој начин
можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Користениот продолжен кабел мора да биде
водоотпорен и со соодветен пресек односно дебелина.
Врската не смее да се наоѓа во вода.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со
оштри сечила или во нивна близина.
Безбедност од електричен удар
Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач
пред да ја прегледувате или чистете машината.
Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
По исклучувањето на косачката, сечилата вртат
уште неколку секунди.
Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно
заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ
земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата).
Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе
информации околу тоа можете да добиете кај овластениот
застапник на Bosch.
Користете само продолжни кабли кои се во склад со
H05VV-F, H05RN-F или IEC (60227 IEC 53, 60245 IEC 57).
Ако имате потреба да користите продолжен кабел, тој
мора да ја има една од следниве димензии:
2
– 1,0 mm
: максимална должина 40 m
2
– 1,5 mm
: максимална должина 60 m
2
– 2,5 mm
: максимална должина 100 m
Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да
биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со
важечките прописи.
За дополнителни иформации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни
кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел,
утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да
бидат водоотпорни.
Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во
вода.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Предупредување за производите кои не се за Британски
пазар предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е
поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач.
Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од
прскање, направен од гума или обложен со гума.
Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски
намотувач.
Македонски | 111
F 016 L81 048 | (2.10.13)