4. RABOTA
Секогаш да стоите пред машината,
така да имате добар преглед (сл. А).
Вклучување и исклучување
•
Притиснете го прекинувачот во положба
„1", за да ја вклучите машината.
•
За исклучување на машината, притиснете
го истиот прекинувач во положба „0".
•
Чувајте го кабелот подалеку од подвижните
делови на машината.
•
Не треба да се притиска работното парче,
зашто тоа само ја забавува брзината на
дискот за брусење.
Брусење
Брусната лента, испорачана со машината за
брусење, е погодна за брусење на метал, дрво
или синтетички површини. Работното парче
секогаш цврсто да се придржува додека се
бруси. Не е потребен дополнителен притисок.
Водете го работното парче нагоре и надолу
преку брусната лента, за да се избегне
трошење на лентата и плочата само на едно
место. Кружни предмети можат да се брусат
на крајот на брусната лента. Работа парчиња
кои се подолги од машината, можат да се
брусат со отстранување на потпирачот.
Напомена: За да се спречи поткршување,
дрвото секогаш да се бруси по должина на
влакната.
За обработка на многу мекани површини,
постои многу корисен метод, да се „направат
нерамни делови на површината". Ова се
прави на следниот начин: влажна, што
туку избрусена површина се навлажнува
со крпа или сунѓер и добро нека се исуши.
Некои дрвени влакна ќе се надујат повеќе
од другите, што доведува до огрубување
на површината. Сега се третираат високите
делови, со помош на фина брусна хартија, а
резултатот е неверојатно мазна површина.
Овој метод не треба да се применува кај
лакирано дрво, зашто може да се изгуби лакот
поради влагата.
82
5. ОДРЖУВАЊЕ
Пред чистење и одржување исклучете
ја машината и извадете го приклучокот
од главниот напон.
Редовно чистете го куќиштето со мекана
крпа, по можност после секое користење.
Отворите за вентилација да бидат ослободени
од прашина и нечистотија. Отстранете ја
нечистотијата со мекана крпа, навлажнета
со сапуница. Не користете растворувачи
како што е бензин, алкохол, амонијак, и
др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат
синтетичките компоненти.
Заменете го кабелот
Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени
од страна на производителот, неговиот
овластен сервис или од квалификувано лице,
за да се избегнат опасности.
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)
Ако 3-полниот приклучок приклучен во
единицата е оштетен и треба да се замени,
важно е прописно да се уништи и да се
замени со одобрен од страна на BS 1363/7A
осигурителен приклучок и дека се запазени
следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во
согласност со следниов код:
сина
неутрална
кафеава
жива
Бидејќи боите на жиците во мрежниот
кабел не одговараат на обоените ознаки
за идентификација на терминалите во
приклучокот, постапете на следниот начин:
•
Жицата со сина боја мора да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата N или
е со црна боја.
•
Жицата со кафеава боја да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата L или
е со црвена боја.