Download Print deze pagina

Bosch GAL 12V-20 Professional Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 45

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 16
како и лица со ограничени физички, сензорни и
ментални способности или со недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои
може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност
од погрешна употреба и повреди.
За време на користењето, чистењето и одржувањето
u
надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со полначот.
Полнете само Boschлитиум-јонски батерии со
u
капацитет од 1,3 Ah. Напонот на батеријата мора да
одговара на напонот за полнење на батеријата на
полначот. Не полнете батерии за повторно полнење.
Инаку постои опасност од пожар и експлозија.
Користете го полначот само во затворени
простории и држете го подалеку од влага. Навлегувањето
на вода во полнач го зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
u
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете ги полначот, како и
u
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не отворајте го
сами полначот и оставете го на поправка само кај
Bosch или кај овластен сервисен центар кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува
ризикот за електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
u
(на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не ги покривајте отворите за проветрување на
u
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип
сет на батерии може да предизвика опасност од пожар
ако се користи за друг сет на батерии.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста
влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска
помош. Течност истечена од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
Bosch Power Tools
Опис на производот и
перформансите
Употреба со соодветна намена
Полначот е наменет за полнење на Li-Ion батерии што може
да се наполнуваат Bosch.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на
приказот на полначот во сликите.
(1)
Зелен приказ за наполнетост
(2)
Отвор за батеријата
Технички податоци
Полнач
Класа на заштита
Струја за полнење
A)
Напон на полнење на батеријата
(автоматско препознавање на напон)
A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
Процес на полнење
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен
на спецификационата плочка на полначот.
Полнењето започнува штом мрежниот приклучок на
полначот се приклучи во приклучницата и батеријата се
стави во отворот за полнење (2).
Полнењето е можно само кога температурата на
батеријата е во дозволениот температурен опсег на
полнење (0–45 °C).
За дополнителни информации посетете го
онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Справување со грешки
Батеријата не се полни
Батеријата не се полни и приказот за наполнетост (1)
свети постојано.
Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка
Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно
вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно
вметнете го. Доколку повторно се појави грешката,
полначот оставете го на проверка во овластена сервисна
служба за Bosch -електрични алати.
Македонски | 45
GAL 12V-20
/ II
2,0 A
3,6–12 V
1 609 92A 7ZZ | (04.11.2022)

Advertenties

loading