OBJ_DOKU-42204-002.fm Page 131 Thursday, May 7, 2015 12:00 PM
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-1, EN 60745-2-2.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
11.05.2015
Монтажа
Вадење на батеријата (види слика A)
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата за
отворање 6 и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Замена на алатот (види слика B)
Држете ја цврсто задната чаура 3 на брзозатегачката глава
1 и свртете ја предната чаура 2 во правец , додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Bosch Power Tools
Скачано с сайта интернет магазина https://axiomplus.com.ua/
Цврсто држете ја задната чаура 3 на брзозатегачката глава
1 и рачно затегнете ја предната чаура 2 во правец на
вртење .
Главата повторно ќе ја отклучите, откако ќе ја свртите
преданата чаура 2 во спротивен правец за да го извадите
алатот.
Менување на главата за дупчење
Вадење на сигурносниот шраф (види слика C)
Брзозатезната глава за дупчење 1 е заштитена од
невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со
сигурносниот шраф 13. Отворете ја целосно
брзозатезната глава за дупчење 1 и одвртете го
сигурносниот шраф 13 во правец на вртење .
Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика D)
Клучот со внатрешна шестаголна глава 14 со кратко
вратило зацврстете го во брзозатезната глава за дупчење
1.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат
и олабавете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава 14 во
правец . Доколку брзозатезната глава за дупчење е јако
зацврстена, ќе ја олабавите со лесен удар на долгото
вретено на клучот со внатрешна шестаголна глава 14.
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатезната глава за дупчење и целосно зацврстете ја
брзозатезната глава за дупчење.
Монтирање на главата за дупчење (види слика E)
Монтажата на брзозатезната глава за дупчење ќе ја
извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 1,5–2,0 Nm.
Зашрафете го сигурносниот шраф 13 во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
брзозатезна глава за дупчење. Секогаш користете нов
сигурносен шраф, бидејќи на неговиот навој има
нанесено сигурносна леплива маса, која при
повеќекратна употреба не делува повеќе.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Македонски | 131
1 609 92A 14H | (7.5.15)