Download Print deze pagina

camry CR 6510 Handleiding pagina 37

Advertenties

2.
Никогаш не користете го уредот ако претходно паднал од висина и покажува
видливи знаци на оштетување.
3.
Не користете продолжни кабли или други електрични приклучоци кои не ги
исполнуваат пропишаните стандарди и електричните прописи.
4.
Сите поправки, демонтажа или замена на било какви делови секогаш треба да
биде направена во специјализиран сервис.
5.
Ако уредот и елементите како што се електричните контакти, приклучокот или
кабелот се навлажнат, пред употреба, уредот и неговите елементи треба да се
исушат.
6.
Не користете го уредот со влажни раце.
7.
Кога се сомневате дека уредот е оштетен НИКОГАШ не се обидувајте сами да
го поправите.
8.
Никогаш немојте да го миете уредот со проточна вода или на таков начин што
до него ќе дотечува вода.
IV. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1.
Отстранете ги сите елементи од пакувањето и исправете го кабелот за напојување.
ОПИС НА УРЕДОТ
1.Куќиште на уредот
3.Контролно копче на вртење
4.Контролна сијаличка
V. УПОТРЕБА НА УРЕДОТ
ВНИМАНИЕ: Пред првата употреба се препорачува шпоретот да работи на празно околу 15 минути. Ова ќе го отстрани
заштитниот слој од грејните плочи. За време на овој процес може да се почувствува присуство на мали количества дим. Осигурете
се дали просторијата е проветрена.
1.
Поставете го уредот на рамна површина на растојание од минимум 30 см од ѕидот, мебелот, другите уреди, садови,
завеси или други запаливи материјали.
2.
Приклучете го приклучокот од шпоретот во електричен штекер.
3.
Поставете сад со рамно дно на грејната плоча [2], [2a], [2b]. Се препорачува да се користат садови со површина
еднаква или поголема од површината на грејната плоча за да се избегне губење на енергија. Ставајте садови само со
чисто и суво дно на чиста и сува грејна плоча.
4.
Вклучете го уредот користејќи го соодветното командно копче за потребната грејна плоча [4].
5.
Поставете ја потребната температура користејќи го командното копче [3] (од 1 за подгревање до 5 за да достигнете
максимална температура).
6.
По вклучувањето на уредот, треба да се запали контролната сијаличка [4], соодветна за дадена грејна плоча [2, 2a, 2b].
Контролната сијаличка ќе се вклучува и исклучува во зависност од работниот циклус на термостатот поставен во
внатрешноста на уредот.
7.
Не смеете да го оставате уредот вклучен во електричниот штекер без надзор.
8.
По употреба, завртете го командното копче [3] во положба "0". Контролната сијаличка [4] треба да се исклучи.
Исклучувањето на контролната сијаличка не значи дека уредот е исклучен.
ЗАБЕЛЕШКА: Секогаш исклучувајте го уредот од електричен штекер по употреба.
9.
Во случај на појава на пукнатини на грејната плоча [2, 2a, 2b], или куќиштето на уредот [1] веднаш исклучете го
шпоретот користејќи го контролното копче за команди [3] и извлечете го приклучокот од електричниот штекер.
10.
Бидете особено внимателни, бидејќи премногу загреани масла или маснотии може да се запалат.
11.
Во случај кога уредот работи под кујнски аспиратор, придржувајте се до минималното растојание од аспираторот
препорачано од производителот. Добро е ова растојание двојно да се зголеми.
VI. ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш пред чистење исклучете го уредот од напојување и почекајте додека шпоретот се излади.
2.Грејна плоча
2.a.Лева грејна плоча
2.b.Десна грејна плоча
37

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Cr 6511