МК
Замрзнувачот кој што го купивте е еден од производите
на BEKO и претставува хармоничен спој на техниката
на замрзнување и естетскиот изглед. Има нов и
атрактивен дизајн и произведен е спрема Европските и
националните стандарди кои го гарантираат неговото
функционирање и сигурносните карактеристики. Во исто
време, сретството за разладување, R600a, не влијае
штетно на околината и на озонската дупка.
За да го добиете најдоброто од вашиот замрзнувач,
внимателно прочитајте ги информациите кои се дадени во
ова упатство.
С о в е т и з а р е ц и к л и р а њ е н а с та р и о т а п а р а т
Ако вашиот нов купен уред го заменува вашиот стар уред,
мора да ги имате во предвид следните аспекти:
Стариот уред не е безвреден отпадок. Отстранете го стариот
уред според стандардите за рециклирање. Контактирајте ги
локалните институции кои ја имаат таа надлежност.
Вашиот стар уред може да се рециклира. Напревете ги следите
чекорите:
- исклучете ја машината од штекер;
- отстранете го струјниот кабел (пресечете го);
- извадете ги бравите од вратата (ако има) за избегнување
повреди на деца додека си играат и опасности по нивниот живот.
Апаратот содржи изолирачки супстанции и фреон (разладувач)
кои бараат правилна рециклажа.
Оригиналните резервни делови ќе ги добивате 10 години по
датумот кога е набавен производот.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сензорни
или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен кога се
надгледувани или им се дадени инструкции за користењето на уредот од страна на лице
кое е одговорно за нив.
Децата треба да се надгледувани за да не играат со уредот.
Ви честитаме на изборот!
52
Упатство за употреба